Екипите на Ангели и на Соколи се последните полуфиналисти во плејофот од Втората кошаркарска лига откако синоќа ги добија и вторите натпревари од своите четвртфинални серии.
Ангели се мачеше на првиот меч на домашен терен, но затоа избраниците на тренерот Гацов беа далеку поквалитетни на вториот дуел во Велес, рутински славејќи над Борец со убедливи 64-83. Во полуфиналето тие ќе се сретнат со штипски Соколи, кои во голема драма славеа во Бутел со 69-70.
Соколи имаа „плус еден“, промашија две слободни фрлања, по што Бутел имаше зицер на спротивната страна, домашниот тим не релаизираше, па штипјани обезбедија пласман во полуфиналето.
Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Маџари и МЗТ Скопје 2. Победниците од двете полуфинални пресметки обезбедуваат автоматска промоција во елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА