Ангели ја доби мајсторката со Соколи и се пласираше во Првата лига

Екипата на Ангели во наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига-мажи откако во третиот и решавачки натпревар од полуфиналното доигрување победи против екипата на Соколи 1933 од Штип со 82-70.

Претходно, нов прволигаш стана екипата на Маџари, која во втората полуфинална серија беше подобра од МЗТ Скопје Уни Банка.

Овие две екипи ќе се борат за п обедничкиот пехар во Втората лига-мажи. Поразените од овие две серии, МЗТ Скопје Уни Банка и Соколи 1933 ќе разигруваат за третото место во оваа второлигашка конкуренција за оваа натпреварувачка сезона.

Се вчитува...