Арџент Беќири го презема кормилото на Феризај

Асистентот на Игор Ангеловски во македонската сениорска репрезентација, Арџент Беќири својата тренерска кариера ја продолжува во косовскиот прволигаш Феризај.

Според информациите од Косово, Беќири веќе ги финиширал преговорите со раководството на Феризај а само детали остануваат да се договорат пред и официјално да биде промовиран на клупата на косовскиот тим, на местото на Арсим Абази.

Феризај во пролетниот дел од шампионатот го очекува битка за опстанок. По есенската полусезона е на деветтото место од вкупно 12 тима колку што брои прволигашката конкуренција.

Се вчитува...