Автомобилскиот производител „Астон Мартин“ ќе биде партнер на Ред бул формула 1 тимот за следната сезона, па за следната сезона овој тим ќе се вика „Астон Мартин ред бул рејсинг“. Британската компанија за спортски возила се наметнува како конкурент на ривалите Ферари и Мекларен.
„Ова партнерство е логичен чекор за нашето иновативно соединување со Ред бул рејсинг“, вели претседателот на Астон Мастин, Енди Палмер.
Оваа компанија се врати во Формула 1 натпреварувањето како спонзор во 2016 година, нивната реклама беше присутна на болидите на Макс Верстапен и Даниел Рикиардо, а од следната сезона брендот ќе биде уште позабележлив .
„Ја зајакнавме нашата врска така што ќе бидеме заеднички партнери во иднина кои ќе конкурираат на најдобрите во првенството“, посочи власникот на Ред бул тимот, Кристијан Хорнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА