Атрактивна боксерка доживува хорор во затвор: „Ми ги соблекуваат гаќите, ми ги разголуваат градите…“ (ФОТО)

Атрактивната боксерка, поранешна ријалити ѕвезда, Австралијката Арабела Дел Бусо доживува вистински хорор во затвор каде отслужува казна од 20 месеци поради кражба.

Девојката на американскиот рагбист, Џош Рејнолдс ,како што самата соопштува, минува низ тешки трауми кои ги открива преку испратено писмо од затвор до медиумите. Арабела во затвор е за украдени 52.000 долари на нејзиното работно место.

Во писмото кое решила да го прати до медиумите детално ги опишува тешките затворски денови и проблемите кои секојдневно ги има со чуварите откако од февруари ја отслужува својата казна.

„Претресите не се само трауми за мене, туку и понижувачки затоа што секогаш мора да се соблекувам пред двајца чувари. Еден стои пред мене, а другиот позади. Најпрво мора да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а потоа еден од нив ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, раширам нозете и да ги подигнувам една по една“ – пишува Дел Бусо во писмото кое го објавуваат американските медиуми и дополнува:

„Се чувствувам несигурно, секој ден е се потежок. Некои работи не ги пишувам затоа што знам дека вработените ќе го читаат писмото, а не сакам да пренесувам работи кои би ми ја загрозиле безбедноста“.

Арабела пред да дојде во затвор имаше два бокс меча во периодот од мај до октомври минатата година, со една победа и еден пораз.

Се вчитува...