Еден од најпознатите љубовни парови на тениската сцена Стефанос Циципас и Паула Бадоса официјално повторно раскинаа.
Двојката реши да тргне по својот пат само неколку дена откако и двајцата беа елиминирани на Вимблдон во првото коло.
Како што пишува шпанскиот магазин „Hola“, нивната врска не успеа да преживее нови спортски порази и лични предизвици. И двајцата ги избришаа сите заеднички објави на Инстаграм, се отследија еден со друг, а нивниот заеднички профил „Цицидоса“ исчезна, што е повеќе од јасен сигнал дека на бајката и дојде крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА