Барселона без мака до триумф над Динамо Букурешт

Ракометарите на Барселона го задржуваат максималниот учинок во Лигата на шампионите откако вечерва како гости со убедливи 22:36 го совладаа Динамо Букурешт.

Ова беше четврта победа во четвртиот натпревар за актуелниот европски шампион и им се приклучи на Веспрем и на Магдебург, како единствени екипи кои имаат максимален ефект.

Барселона од првата минута ја имаше контролата врз резултатот, и во првото полувреме кое го доби со 11:20 ги урна сите надежи на романскиот тим дека може да биде првата екипа која ќе ја запре победничката серија на бранителот на трофејот.

Тимоти Н’Гесан со шест гола ја предводеше листата на стрелци кај Барселона каде се истакнаа и Дика Мем и Иан Баруфет со по пет гола, додека кај Динамо Букурешт, Бузле даде четири гола.

Фаворитската улога ја оправда и ГОГ Гудме кој со 39:30 го совлада Кристианштад..

Се вчитува...