Бразилската манекенка Сузи Кортез го привлече вниманието на јавноста на мундијалот откако најави дека е подготвена да стави нова тетоважа на Лео Меси, и тоа на интимно место што дополнително ќе го објави.
Иако Бразилка, Сузи важи за голема навивачка на „гаучосите“ и особено на Меси, од кого веќе има неколку тетоважи. Сепак, таа е подготвена за нешто ново и поинакво…
„Ги имам овековечено усиесите на Меси со тетоважи, но сакам овојпат да направам нешто поголемо, нешто понезаборавно. Планирам нова тетоважа, и тоа на интимен дел од моето тело, со посвета што ќе го шокира светот“, најави Сузи Кортез.
И таа не планира да застане само на тоа, туку го најави и своето присуство на следните натпревари на Аргентина…
„Не се само тетоважите, планирам специјални акции и изненадувања на натпреварите на Аргентина. Оние кои ме познаваат знаат дека сакам да уживам во фудбалот со страст, креативност и одлична смисла за хумот“, додаде Кортез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
