Бугаринот Димитров „уловен“ со нова убавица (ВИДЕО)

Бугарскиот тенисер Григор Димитров игра одлично во 2024 година, а и покрај настапот на теренот во овој момент е популарен и за јавноста по новата девојка. Имено, во Монте Карло тој беше уловен од камерите заедно со поранешната тенисерка Ализ Лим.

На снимката која е објавена на социјалните мрежи може да се види како Димитров ја чека убавата девојка во своето Ламборџини додека таа заминува од вечера заедно со пријателите.

Трисетичетиригодишната Лим во последните три години беше во врска со поранешниот НБА кошаркар Тони Паркер, но неодамна ја прекинаа врската.

Се вчитува...