Бутел и Струмица ќе се сретнат во финалето од плејофот во Првата лига, откако во полуфиналните пресметки славеа во дуелите со Соколи од Штип, односно Борец Велес.
Струмичани славеа со 2-0 во серијата со Борец, а многу понеизвесно беше на дуелот Соколи – Бутел, на кој скопскиот тим со две победи во Штип успеа да стигне до билет за финалето. Денешната мајсторка беше суперинтересна, но „бутелци“ подобро се снајдоа и на крајот стигнаа до голема победа.
Хот го заврши натпреварот со 27 поени, искусниот Јанески реализираше 15 поени, додека кај Соколи Штип се истакнаа Митевски со 15 и Караколев и Костадинов со по 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
