Ракометарите на Бутел Скопје се враќаат со негатива од три гола од гостувањето против Горица во првиот меч од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Бутелци загубија со 27-24 од словенечкиот тим, во мееч кој беше главно израмнет, македонските ракометари имаа и предност но на крај мораа да се помират со поразот.
Горица во првото полувреме имаше и предност од 11-6, но потоа серија на Бутел за само 13-12 за домашните на полувремето.
Одлично избраниците на Стојанче Стоилов го почнаа вториот дел, и дојдоа до водство од 16-17, но потоа серија на Горица која дојде до водство од два гола, 25-23, за да на крај се заокружи на 27-24.
Реваншот е за седум дена во Скопје, во обидот да се анлура предност и да се дојде до следната рунда европски натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
