Червар ги избриша Велковски и Андоновски од списокот за Франција

Македонскиот селектор Лино Червар го дефинираше конечниот список од 19 ракометари кои ќе патуваат за Франција на Светското првенство кое не очекува овој месец.

По финалниот филтер, иако се уште неофицијално, како што дознаваме од списокот за Франција отпаднаа бековите Ласко Андоновски и Мартин Велковски.

По ова познати се 19 имиња кои ќе патуваат во Франција на собирот на најдобрите светски ракометни репрезентации. Како што е познато, за секој пооделен натпревар на СП ќе може да бидат пријавени по 16 ракометари, со можност и за две измени пред секој следен дуел.

Се вчитува...