Е. Пелистер го претрпе вториот пораз во третиот меч од ЕХФ Лигата на Европа, овојпат губејќи од бундеслигашот Гумерсбах со убедливи 38-28.
Лино Червар повторно делуваше безидејно, неговото „главно оружје“, играта седум на шест беше лесно прочитана од противникот, по што Гумерсбах лесно и убедливо стигна до победата.
„Знаевме уште пред натпреварот дека ќе биде тешко. Игравме добро и се држевме во првите 15 минути, но потоа Гумерсбах ја покажа својата класа. Нормално е кога ќе го покажат сиот свој потенцијал на теренот, разликата да биде голема бидејќи тиа се подобар тим. Се наадевам дека ќе прикажеме подобра игра на следниот натпревар на домашен терен“, изјави Червар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
