Двократниот европски шампион Вардар утре му гостува на Висла Плоцк во натпреварот од четввртото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Вардарци во првите три меча забележаа три пораз, па натпреварот во Полска едноставно мора да се добие.
Тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ вели дека Висла и на овој меч е фаворит, но тие ќе дадат се од себе…
„Кога ќе загубите натпревар, јасно е дека можете и морате да одиграте подобро. Висла беше фаворит во Скопје, а ќе биде уште поголем фаворит кога ќе играме на нејзин терен.
Го анализиравме натпреварот и сигурно има простор за напредок во нашата игра, и во одбраната и во нападот. Верувам дека со добра енергија и поголема самодоверба можеме да одиграме добар и квалитетен натпревар. Сакаме повторно да се претставиме во добро светло во Лигата на шампионите. На преостанатите три натпревари, исто како и на првите три, сакаме да бидеме конкурентни и да се бориме за првите бодови и за првата победа“, изјави Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
