Иван Чупиќ не го криеше разочарувањето откако Вардар го претрпе и четвртиот пораз во низа од стартот на сезонава во Лигата на Шампионите, со што „црвено-црните“ останаа без шанси за пласман во следната фаза од елитното европско натпреварување.
Стратегот на „вардарци“ беше горд на карактерот покажан откако Вардар се врати од „минус осум“, но македонскиот првак немаше сили за целосен камбек против Висла.
„Се боревме храбро од првиот до последниот момент. Имавме моменти на добра игра и падови, покажавме карактер, но не успеавме да победиме. Жално е што три од нашите четири меча ги загубивме со по еден гол разлика, тоа боли. Имаме млад тим, со млад тренер и можеби следната сезона ќе го поправиме она што не функционира најдобро кај нас во моментов во Лигата на Шампионите. Се надевам дека наскоро ќе почнеме да добиваме вакви натпревари со по еден гол разлика“, истакна Чупиќ по поразот во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
