Данска спортистка е побогата и од Меси и од Роналдо

Кога се зборува за спорт, се подразбира дека фудбалерите се меѓу најбогатите спортистие во светот. Големите спортски и спонзорски договори ги издвојуваат на врвот, а во тоа предничат Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои важат за најдобри фудбалери во 21 век.

Сепак, 33-годишна спортистка од Данска е побогата од Меси и Роналдо. Ана Каспржак се занимава со коњички спортови. Таа нема освоено медал на Олимписки игри или на големите натпреварувања. Но, тоа не е толку важно.

Нејзиното богатство се проценува на 1,3 милијарди долари. Секако, спортот е само делумно застапен во оваа бројка. Факт е дека Ана заедно со нејзиниот брат Андреј и мајката Хани е сопственик на светски познатиот дански бренд на чевли. Компанијата ги продава своите производи во 90 земји.

Компанијата е основана од нејзиниот дедо Карл Тузбуј во 1963 година, а според Форбс, компанијата генерира продажба од околу 1,46 милијарди долари годишно.

Ана се натпреварува во дисциплина наречена дресирано јавање. Таа освои медали на ЕП во јуниорски категории, а двапати ја претставуваше Данска на Олимписките игри. Најдобар резултат е 14. место во поединечна конкуренција и 4. место во екипна конкуренција.

Се вчитува...