Дебакл на Монпелје пред своите гледачи, Фреихофер му даде 15 гола на Порто

Ракометарите на Монпелје доживеаја вистински дебакл пред своите гледачи губејќи со убедливи 30:38 од данскиот Скандеборг во четвртото коло од Лигата на шампионите.

Францускиот тим по триумфот на стартот во ЛШ, влезе во серија порази, вечерва го доживеа третиот и најубедлив.

Домаќините добро го отворија натпреварот, имаа предност во воведните минути, а убедливиот пораз можеше да се насети кој крајот на првиот дел кога данскиот тим постигна пет гола едноподруго и поведе со 11:17.

Играчите на Скандеборг ја зголемуваа предноста и во 52-та минута за првпат дојдоа до двоцифрена предност (23:33). На крајот Скандеборг славеше со 30:38 за втор триумф во ЛШ.

Расмусен и Хансен со по шест голови ја предводеа листата на стрелци кај Скандеборг, деоак Лене даде четири гола за Монпелје.

Фуксе Берлин дојде до третиот триумф во четвриот меч во ЛШ откако вечерва со 33:36 славеше на гостувањето кај Порто.

Изненадувачки Матијас Гидсел не беше прв стрелец за Фуксе, туку таа улога му припадна на Тим Фреихофер кој даде неверојатни 15 гола. Гидсел натпреварот го заврши со осум голови, а исто толку голови кај Порто даде Васко Коста.

Се вчитува...