Дејвид Бекам создаде богатство како професионален фудбалер, но легендарниот Англичанец се покажа како уште поуспешен бизнисмен, успевајќи значително да ги зголеми милионите што ги поседува, па воедно и да стане – првиот британски спортски милијардер.
Весникот „Сандеј тајмс“ ја објави најновата ранг-листа на милијардери во светот, а на неа се најде и името на Бекам. Серијата успешни инвестиции, надополнета со огромниот раст на фудбалскиот клуб Интер Мајами каде тој е ко-сопственик, придонесе богатството на Бекам и на неговата сопруга Викторија сега да изнесува огромни 1,36 милијарди евра.
Поранешнот англиски репрезентативец сега се наоѓа на второто место на најбогати лица поврзани со спортот, зад поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
