СЕ ПОДГОТВУВА СПЕКТАКЛ: Џастин Бибер, заедно со Мадона и Шакира, на полувремето од финалето на Мундијалот!

Канадската музичка ѕвезда Џастин Бибер ќе има свое шоу на полувремето од финалето на Светското првенство, кое ќе се игра во Њу Џерси на 19 јули, објави ФИФА.

Покрај Бибер, во финалето на Светското првенство присутните ќе ги забавуваат и ѕвезди како Мадона и Шакира.

Во програмата се и нигерискиот пејач Бурна Бој, венецуелскиот диригент Густаво Дудамел и хорот ПС22, кој го сочинуваат ученици од основно училиште од Стејтен Ајленд во Њујорк, а ќе им се придружи и групата Колдплеј.

Шоуто на полувреме, кое е подготвено од Крис Мартин од Колдплеј, ќе трае 11 минути и е поддржано од Фондот на ФИФА и Глобалното граѓанско образование, кое собира 100 милиони долари за да им овозможи на децата ширум светот пристап до образование и фудбал.

„Светското првенство го обединува светот на начин на кој ниеден друг настан не може. Благодарен сум што сум дел од ова полувреме, а уште повеќе што знам дека тоа ќе им помогне на децата ширум светот да имаат што е можно поголем пристап до образование“, рече Бибер во соопштението.

Се вчитува...