Легендарната велосипедска трка „Џиро д’Италија“, следната година, прв пат во својата историја, ќе стартува надвор од Европа. Стартот на трката ќе биде во Израел, соопштија организаторите.
Следната недела ќе бидат објавени и сите детали за тридневната етапа во Израел. Делегација од организаторите на „Џиро д’Италија“ деновиве е во Израел каде се утврдуваат локациите за трката.
Следната година ќе се вози 101-то издание на популарната велосипедска трка. Досега 11 пати стартот на трката бил надвор од Италија, но никогаш досега „Џиро д’Италија“ не се возела надвор од Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА