Џон Ленон, Махатма Ганди, Бен-Хур…играат фудбал во Бразил!

Во Бразил е тешко многу тешко да се истакнеш како фудбалер, а посебно да направиш добар трансфер во Европа. Некои од бразилските фудбалери се досетиле дека добро избрано, впечатливо име може многу да значи во тој „бизнис“.

Па така на фудбалските терени низ Бразил се појавија Махатма Ганди, Пикачу, Џон Ленон, Марлон Брандо…Ова се само дел од креативните имиња во бразилскиот фудбал.

Низ годините, луѓето се познати по своите имиња и по прекарите. Тоа е препознатлив, шармантен белег во Бразил и Бразилците се горди на тоа“ – вели Алекс Белос, автор на книгата „Фудбал, бразилски начин на живот“.

Со овој бразилски феномен се позанимаваа и британските медиуми, а ова е внимателно израниот тим од 11 бразилски фудбалери со чудни имиња:

Маркос Бамбам – Наместо здодевноѕо име Маркос Антонио Симао Переира, овој напаѓач одлучил да го позајми името од еден од ликовите на серијата „Кременковци“. Овој 22-годишен бразилски фудбалер во 2013 година се пресели во Грција и заигра за Ерготелис и Аполон Смирнис.

Пикачу – Глејбсон Јаго Соуса Лисбоа, попознат е како Јаго Пикачу. Името си го одбрал како фан на Покемоните. Во изминатите три сезони овој фудбалер постигна 40 голови за Пејсанда.

Џон Ленон – некои обожаватели на бразилскиот клуб Ботафого и на славните Битлси веруваат дека на насловната страница на албумот на Џон Ленон од 1974 година се наоѓа дрес од нивниот клуб, на кој низ своите посети на Рио де Женеиро, и славниот музичар станал фан. Младиот Бразилец Џон Ленон Силва Сантош во 2012 година заигра за Ботафого. Но наредната година беше вратен на позајмица во Атлетико Жоианиенсес.

Бен-Хур – Играчот од средниот ред, бен-Хур Мореира Перез, во својата кариера заигра дури за 12 клубови.Сепак, и покрај херојското име, фудбалерот не остави некоја позабележителна трага во клубовите како Униао Сао Жоао или Триндаде Атлетко.

Архелико Ф..кс – Попознат е како Архел и за разлика од другите тој не си го бирал сам презимето. Светла точка во неговата кариера е трансферпт во Бенфика во 2001 година со која освои и шампионска титула во Португалија. Кариерата ја заврши во Кина во 2008 година, а потоа почна тренерска кариера и за седум години водеше дури 18 клуба.

Рафаел Шејт –  во 1999 година направи трансфер во Селтик за 5,5 милиони евра и наводно, имал плата од 23.000 евра неделно. Но поради бројните повреди Шејт одигра само 90минути за првиот тим, но кога на клупата на Селтик донде Мартин О’Нил, кој набрзо мораше да го напушти клубот.

Марлон Брандао – И покрај амбициозното име, неговата фудбалска  кариера не беше успешна како филмската на неговиот имењак. Поголем дел од кариерата го помина во големи клубови во португалската лига. Покрај него во бразилскиот фудбал постои уште еден Марио Марлон Брандао, кој последен пат е регистриран во втората лига во Хонг-Конг.

Махатма Ганди – Бразилскиот фудбалер Махатма Ганди Хеберпио Матос Пирес или поедноставно само Махатма Ганди во 2011 година потпиша за Атлетико Жоаниенсе. Таму играше во необично друштво, заедно со Џон Ленон и со Карлос Адриан де Соуса Круз, попознат како Мајкл Џексон.

Криденс Клеарвотер Коуто – „Луѓето често мислат дека тоа ми е прекар, но не е. Тоа ми е вистинското име кое стои во изводот на родените. Тешко е да се напише, а за Бразилците е уште потешко да се прочита, па често ме викаат само Паулиста бидејќи е поедноставно. Многу млади денеска немаат слушнато за оваа група, па често морам да го повторувам своето име повеќе пати. Единствено ми е жал што на луѓето им бев повеќе инетересен поради името отколку поради моите фудбалски квалитети“ – вели фудбалерот кој за името може да му заблагодари на својот татко кој бил голем обожавател на групата Криденс Клеарвотер Ревивал.

Москито – Еден од најголемите таленти на овој бразилски состав на фудбалери со чудни имиња е Тиаго Родригес да Силва или скаратено само Москито. Тој предизвика интерес и на големите клубови како Манчестер јунајтед и Јувентус. Овој 19-годишен фудбалер сега игра за Васко де Гама, но многу веројатно е дека наскоро ќе се пресели во Европа.

Клауди Питбул –Тој е токму тоа што го сугерура неговот име, агресивен напаѓач кој во 2005 година оствари трансфер во Порто, но од славниот клуб потоа беше испратен на бројни позајмици. Клауди Питбул сега има 33 години и бара нов клуб.

Се вчитува...