Во Собранието на Република Македонија се доделија наградите “8 Септември” за остварувања во областа на спортот, по повод Денот на независноста на нашата земја.
Постапката и начинот на избор на добитници ги објасни членот на Одборот за доделување на наградата “8 Септември”, проф.д-р Јовица Угриновски. Доделени се четири награди за остварувања во областа на спортот на: Петар Белистојаноски (карате), Ристо Магдинчев (ракомет), Александар Коцевски – Џајо (пливање) и Ѓокица Николовски (кајак).
Наградата за животно дело во областа на спортот му припадна на Иван Кочовски, поранешниот долгогодишен македонски селектор во шах, и истакна шаховски работник.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски го честиташе Денот на независноста на Република Македонија и истакна дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да ги вреднува резултатите на успешните спортисти, но и да се грижи за новите генерации.
Наградата “8 Септември” се додели по шести пат. На свечениот настан присуствуваа лица од спортот, спортски работници и претставници од спортските федерации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА