Дончиќ нема мир: Анамарија сега бара 50 милиони долари!

Лука Дончиќ можеби ги надмина сите проблеми со повредите, но приватниот живот му создава огромни проблеми на словенечкиот кошаркар летово.

Неговата поранешна девојка Анамарија Голтес пред неколку дена го повлече барањето за алиментација од американскиот суд, се чинеше дека страстите конечно ќе се смират и ќе биде најден заеднички јазик, но сега пристигнуваат ноти загрижувачки вести за Лука.

Имено, Голтес го пренела целиот случај пред словенечкиот суд, при што бара неверојатни 50 милиони долари од кошаркарската суперѕвезда, од кои 40 милиони за неа, и 10 милиони за нивните две деца, двогодишната Габриела и Оливија, која има седум месеци.

„Извори директно поврзани со случајот откриваат дека Анамарија поднела ново барање, барајќи вкупно 50 милиони долари, од кои самата ставила до знаење дека 40 милиони се за неа“, објави американскиот портал TMZ.

Дончиќ веќе најави дека е подготвен да стори се за своите ќерки, но и дека нема намера да ги задоволува апетитите на поранешната девојка со која мина неколку години, но не беше во брак.

Се вчитува...