Настапот на руските спортисти на големите натпреварување е под големо сомнение, откако светската јавност дозна за систематскиот допинг на спортистите од ова земја пред ОИ во Рио минатата година. На пет месеци пред ЗОИ 2018 во Пјонгчанг, водечките национални антидопинг агенции испратија серионо предупредување до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и побараа исфрлање на Русија од ЗОИ. Челниците на 17 национални антидопинг агенции тврдат дека Русија и понатаму ги прикрива доказите за допингување на своите спортисти и избегнува да ги исполни барањата од т.н. Мекларен извештај.
Агенциите го обвинија ИОК, но и Меѓународната антидопинг агенција (ВАДА) за неактивност, барајќи од нив да ја присилат Русија да ги предаде доказите, бидејќи само така ќе може да се одреди кој смее, а кој не смее да настапува на Зимските олимписки игри.
„На спортските лидери и организации би требало да им се дава олимписки кредибилитет кога намерно ги кршат правилата и ги „ограбуваат“ чистите спортисти“. Неактивноста на ИОК ги загрозува чесните спортисти и иднината на олимпиското движење. Решени се помалку од 100 случаи, а под сомнение се 1000! Спортистите се прашуваат дали се уште важат глобалните правила во борбата против допингот“ – се наведува во сооштението испратено до ИОК.
Барањето Русија да биде изоставена од ЗОИ 2018, меѓу другите го потпишаа и водечките луѓе на антидопинг агенциите од САД, В.Британија и од Австралија.
Во извештајот на Ричард Мекларен се наведува дека московската лабораторија прикрила стотици позитивни допинг тестови во многу спортови и дека во Русија постои систематско прикривање на позитивните допинг резултати кои се направени на ОИ 2012 во Лондон, на Светското атлетско првенство во 2013 година и на Зимските олимписки игри во 2014 година во Сочи.
Позитивни допинг резултати на руските спортисти беа откриени во повеќе од 30 спортови. Позитивни допинг резултати имаше дури и во женската младиснка ракометна репрезентација на Русија на последното ЕП (19) во Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА