„Дубиоза колектив“ го обедини цел регион – Балканот си има мундијалски хит! (ВИДЕО)

Без сомнение, целиот Балкан, секако пред се земјите од поранешна Југославија, ќе си имаат свој миленик на Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада, во репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Босанците на задоволство на многумина од регионот постигнаа фантастичен резултат и успеаја да се квалификуваат на Мундијалот, по вторпат во својата историја.

По пласманот на екипата на БиХ на Светското првенство, во центарот на вниманието е насекаде во регионот песната „САД“ од популарниот бенд „Дубиоза Колектив“, која дефинитивно стана хит на Балканот!

„I’m from Bosnia take me to America (Јас сум од Босна, води ме во Америка)“ – стана рефрен кој ја обедини не само Босна и Херцеговина, туку и целиот регион.

Затоа момците од „Дубиоза Колектив“ решија малку да ја преработат песната која првпат ја објавија во 2011 година, а сега да направат нова верзија посветена токму на настапот на БиХ на Светското првенство 2026.

Строфите во овие песни сега се на босански јазик, но најважно е што рефренот остана ист.

Дубиоза ја објави песната утрово на социјалните мрежи и нема сомнение дека оваа верзија веќе е голем хит – мундијалски хит за целиот Балкан…, кој ќе навива за БиХ.

Македонија во петок (29 мај) во Сараево ќе одигра пријателски натпревар со БиХ на кој ќе ги испрати босанските фудбалери на пат кон САД.

Се вчитува...