Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев повторно е на тронот на гранпри серијата на ФИНА во маратонско пливање, делејќи ја првата позиција со Аргентинецот Гилермо Бертола со по 43 бода. Тој заврши на четвртото место на последниот маратон, со што повторно го осигура тронот, на кој беше и во 2015 година. Минатата сезона тоа му успеа на Томи Стефановски.
Овој викенд на програмата требаше да биде последниот маратон од гранпори серијата Капри – Неапол, но поради лошите временски услови беше заменет со трка на 16 километри, осум круга по два километри. Победник беше Италијанецот Матео Фурлан, а Аргентинецот Бертола во фотофиниш за само една секунда беше побрз од Поп Ацев и со тоа успеа да се израмни бодовно со македонскиот пливач, делејќи го тронот во оваа конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА