Фергусон со емотивна порака до Хабиб: Татко ти секогаш ќе те гледа од првиот ред…

Легендарниот УФЦ-борец Тони Фергусон испрати емотивна порака до шампионот Хабиб Нурмагомедов по трагичната смрт на неговиот татко Абдулманап Нурмагомедов, кој почина вчера во Москва откако заболе од коронавирус.

„Мое најискрено сочувство до тебе и твоето семејство. Голема почит за татко ти. Тој секогаш ќе те гледа од првиот ред кога ќе се натпреваруваш“, му порача Фергусон на Хабиб Нурмагомедов.

Хабиб уште пред извесно време за денеска имаше закажано прес-конференција на која требаше да говори за своите планови за иднината. Очекувано, појавувањето пред новинарите е откажано, а се поголем е делот од медиумите кои најавуваат дека Дагестанецот извесно време ќе мине надвор од октагонот.

Се вчитува...