Ферстапен си купи ново „бебе“ од 50 милиони евра

Макс Ферстапен се одмори по напорната Формула 1 сезонава, а актуелниот првак реши да си купи и ексклузивен подарок за да се почести за најновата титула.

Така, Ферстапен се поднови со приватен авион “Falcon 8X“, што холандската спортска ѕвезда го плати 50 милиони евра. Големиот ас минува огромен дел од времето патувајќи од една во друга држава, пролетва за првпат ќе стане татко, па реши да си купи сопствен авион за бројните патувања.

Во специфијата е наведено дека авионот може да мине 11.900 километри со еден резервоар, а се уште во јавноста се немаат појавено фотографии од ентериерот што го избрал Макс за своето најново луксузно превозно средство.

Возачот на Ред бул минатата година се поднови со нова јахта “Гран Спорт 33“ долга 33 метри, што ја плати 11 милиони евра.

Се вчитува...