Екипите на Маџари и на Ангели ќе излезат вечерва на мегдан (20 часот, сала Наум Наумовски Борче во Маџари) во финалниот дуел од Втората лига.
Мечот има повеќе ревијален карактер ако се знае дека двата тима со самиот пласман во финалето обезбедија влез во елитното друштво, но нема сомнеж дека и двете скопски екипи ќе сторат се за со триумф да стигнат до победата во последниот овосезонски натпревар.
Раководството на Маџари ги покани своите приврзаници, но и поранешни кошаркари, тренер и вљубеници на овој спорт да дојдат на прославата на големиот успех – влезот во елитното друштво.
„Драги љубители на кошарката, фанови од Гази Баба и сите скопски населби, сите вие кои некогаш сте имале контакт со нашиот клуб, без разлика дали во славните денови од минатото или во поновата историја… КК Маџари Ве поканува да бидете дел од спектаклот во финалето од Втората кошаркарска лига, со цел заедно да го прославиме историскиот пласман меѓу најдобрите клубови во мак-баскетот. Нашите златни момци одиграа неверојатна сезона во која доминираа во регуларниот дел и во плејофот, па заслужуваат поддршка на трибините овој четврток со почеток во 20 часот“, порачуваат од КК Маџари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА