ФОТО: Халанд ќе се почасти со нов „ѕвер“ вреден 3,2 милиони евра

Големата фудбалска ѕвезда Ерлинг Халанд, имаше одличен настап против Лутон, и постигна пет гола во победата од 6-2 во ФА Купот. А, враќањето на теренот и новите голови се одлучи да ги прослави со нов автомобил, и тоа не било каков.

Станува збор за Мерцедес АМГ (Mercedes AMG One) кој вреди вртоглави 3,2 милиони евра.

Халанд е љубител на скапи автомобили, и во својата колекција веќе има неколку скапоцени автомобили, а само ќе ја зголеми колекцијата со споменатиот модел.

Новиот автомобил на Халанд има над 1000 коњски сили и максимална брзина му е 352 километри на час.

Се вчитува...