Македонската репрезентација продолжува со очајните игри во 2026 година, продолжувајќи и со низата „црни рекорди“ кои се огромно разочарување кога се работи за националниот дрес.
Македонија вечерва на арената „Тодор Проески“ повторно загуби, овој пат со 0-2 од Шкотска, и повторно без постигнат гол, со седми меч без постигнат погодок и без триумф по доаѓањето на Гоце Седлоски на клупата на црвено-жолтата селекција.
Ако минатата година ги броевме рекордните минути без примен гол на националниот тим и чуварот на мрежата Столе Димитриевски, оваа година Македонија брои минути без постигнат гол. Точно 697 минути македонската репрезентација е без постигнат гол, што е најдолга серија во нејзината историја. Последниот погодок беше во ноември минатата година на Бојан Миовски на дуелот против Велс во 23. минута, а потоа седум меча во 2026 година сме без гол, и по денешниот натпревар против Шкотите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА




















































