Медведев: Новак е еден луд дечко

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека никогаш не смее да биде отпишан. Тој денеска стигна до 32 победа во низа на турнирот во Пекинг и се пласираше во полуфиналето.

Во четвртфиналето Србинот направи изненадување славејќи против тенисерот со најдобра форма во моментов Александер Зверев со 2-1, по сетови 4-6, 6-4 и 6-4. Во полуфиналето тој ќе игра со Данил Медведев, а токму Русинот имаше интересен коментар за својот ривал и пријател.

„Имам одиграно многу такви мечеви; нема да бидам премногу возбуден ниту под голем стрес. Секогаш е забавно да се игра против овие момци. Новак е луд, стар е  да не се лажеме, но сепак може да игра одлично. Можеби малку послабо отколку кога освојуваше по три гранд-слем титули годишно, но сепак е многу тежок противник“, рече Медведев.

Се вчитува...