Башиќ од белата точка ја сруши Полска, Црна Гора не успеа да го пробие ерменскиот бункер

Селекцијата на БиХ со 1:0 ја совлада Полска во четвртото коло од Дивизијата Б во Лигата на нации и направи голем исчекор кој обезбедување на една од првите две позиции на табелата во групата 4.

По четири кола, БиХ е втора на табелата со осум бодови, два помалку од лидерот Шведска, но четири повеќе од третопласираната Полска.

Првопласираните во групите ќе обезбедат пласман во А дивизијата за следното издание на Лигата на нации, додека второпласираните селекции ќе играат плеј-оф за влез во елитната дивизија.

Човек на одлука беше Иван Башиќ кој во 84-та минута го реализираше пеналот.

Еден гол беше постигнат и на вториот натпревар од оваа група, Виктор Ѓокереш во 13-та минута и донесе победа на Шведска.

Северна Ирска и Грузија одиграа без голови, додека Унгарија со 2:1 ја совлада Украина во натпревар кој се играше во Трнава.

Во дивизијата Ц, Црна Гора во Подгорица не успеа да го пробие бункерот на Ерменија и мораше да се задоволи само со бод.
И покрај ремито, Црна Гора остана на лидерската позиција на табелата со десет овоени бодови, три повеќе од Кипар кој денеска со 2:1 ја совлада Летонија.

Се вчитува...