Вакво голчиште ретко се гледа, Италијанец даде гол со шут од 70-тина метри (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Италија со 21 година со убедливиот триумф од 6:2 над директниот конкурент, Полска, го освои првото место во групата Е во која беше и Македонија.

Триумфот над врсниците од Полска, младите Италијанци ги однесе на Европското првенство до 21 година кое идната година ќе се одржи во Србија и Албанија.

На натпреварот кој се играше во Пескара, беше постигнат можеби голот на годината и тоа од страна на Чер Ндур.

Имено, во 54-та минута, по корнерот на полските фудбалери, топката дојде до Ндур кој не размислуваше многу откако примети дека противничкиот голман е излезен далеку од својот шеснаесетник и со шут 70-тина метри ја затресе мрежата за водство од 3:0.

 

Alternative angles of Cher Ndour’s goal from his own half against Poland U21
by
u/xggq in
soccer

 

 

Се вчитува...