Алкараз ја мина првата пречка во Париз

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз успешно ја мина првата пречка на АТП мастерс турнирот од серијата 1000 кој се игра во Париз откако вечерва во 2. коло со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-3 славеше над Американецот, Алекс Микелсен.

Во осминафиналето Алкараз за противник утре ќе го има Италијанецот Матео Беретини.

За потсетување настапот во Берси арената во Париз денеска го завршија Новак Ѓоковиќ, Александер Зверев, Данил Медведев и Алекс де Минор.

Се вчитува...