Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром го забележа и петтиот пораз во исто толку натпревари сезонава во ФИБА Еврокупот, откако вечерва загуби на гостувањето кај полска Џики Варшава со убедливи 89-66.
Домаќините уште од самиот почеток беа подобар противник, па веќе на полувреме имаа убедлива предност од 47-31. Во вториот дел полскиот тим само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 89-66.
Адем Мекиќ со 11 поени беше единствен двоцифрен во македонскиот тим, додека кај победникот Џозеф Жирард постигна 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
