Јанта Волеј со втор пораз од Прага се прости од Челинџ купот

Одбојкарките на Јанта Волеј го завршија својот настап во третото по ранг европско натпреварување, Челинџ купот откако вечерва со максимални 3-0, по сетови 25-11, 25-12 и 25-14 загубија на гостувањето кај чешка Прага.

По поразот со максимални 3-0 во Скопје минатата недела, македонскиот тим овојпат загуби и на гостувањето кај истиот противник со истиот резултат.

Јанта Волеј со ова ја заврши европската авантура и сега се насочува на обврските во домашниот шампионат.

 

Се вчитува...