Втор пораз со „стотка“ за ТФТ во АБА2 лигата

Кошаркарите на ТФТ го доживеаја вториот пораз во второто коло во АБА2 лигата, овој пат од екипата на Херцеговац и тоа со 107:82.

Откако во првото коло, АБА лигата не дозволи ТФТ да настапи со Американците во тимот по што доживеа дебакл против Слобода (106:61), овој пат тренерот Боро Смилковски ги имаше на располагање сите кошаркари.

Но, и покрај тоа, ТФТ повторно загуби со примени повеќе од 100 поени.

Домаќинот одигра одлична воведна четвртина, првпат до двоцифрена предност дојде по тројката на Дејвид во шестата минута и потоа имаше и плус 18 (31:13). ТФТ со четири поени во последната минута ја заврши првата четвртина со минус од 15 поени (32:17).

Во вториот дел, Херцеговац ја зголеми предноста и на одмор замина со 21 поен разлика (58:37), разлика која се покажа недостижна за ТФТ. На крајот ТФТ е поразен со 107:82.

Секу Сила со 15, Страхил Николов со 13 поени и Стојановски, Луис и Вајт кои дадоа по 10 поени беа најрасположени за игра кај ТФТ, додека во редовите на Херцеговац шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен поени,а највеќе даде Вујошевиќ (19).

Во следното коло кое е закажано за деветти декември, ТФТ ќе го пречека тимот на Подгорица.

Се вчитува...