Новак Ѓоковиќ настапот на Мастерсот во Париз го заврши во второто коло во кое загуби од австралискиот тенисер Ринки Хиџиката и тоа со пресврт 2:6,6:3,6:3.
На прес-конференцијата по натпреварот, Ѓоковиќ не бараше алиби за поразот, призна дека пропуштил да победи во мечот во кој имал контрола во најголем дел.
„Нормално е дека сум разочаран. Имав чувство дека доминирам во првиот сет и во неколку гемови во вториот, а потоа Ринки го крена нивото на игра. Не сервирам добро, а тој да бидам искрен беше неверојатен. Речиси и да не промашуваше, топчето го држеше ниско и одигра фантастично. Штета што не ги искористив шансите во третиот сет, но мислам дека на крајот заслужено победи“, беа првите зборови на Новак по поразот, кој не го криеше разочарувањето од поразот.
„Нормално е дека сум разочаран, никој не сака губи, но ова е само еден меч. Требаше да победам, играв добро во првиот сет, но потоа ја загубив контролата“, додава Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
