Сензација: Естонци го исфрлија младиот тим на Челси од ЛШ

Младите фудбалери на Флора приредија вистинска сензација во Лондон каде со 3:2 го совладаа Челси и ги исфрлија „сините“ од Лигата на шампионите до 19 години.

Првиот натпревар помеѓу две екипи кој се играше во Талин, Естонија, заврши без победник 2:2, а на денешниот реванш Челси беше апсолутен фаворит, но…

Челси двапати водеше на натпреварот, прво поведе преку Ебуе во втората минута, но во финишот од првиот дел, Алама погоди за 1:1.

Во вториот дел, Рабај повторно му донесе водство на Челси, но во 54-та минута, Куконен израмни на 2:2 а во 78-та минута, Алама со својот втор гол, и донесе огромна победа на Флора.

Во следната рунда во ЛШ до 19 години, Флора ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Сент Патрик и Жалгирис.

Се вчитува...