Неверојатно: Судија додели дури 51 црвен картон по масовна тепачка (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се случија на натпреварот од бразилскиот шампионат во државата сојузната држава Минеиро до 20 години, помеѓу Уберландија и Мамора. Имено, судијата додели дури 51 црвен картон по масовна тепачка.

Според информациите, судијата исклучил 43-ца фудбалери од двете екипи, додека останатите осум црвени картони со доделени на тренерите и на претставниците на екипите.

Хаосот настанал при резултат 3:1 за Мамора кога еден од гостинските играчи започнал да ги провоцира домашните фудбалери. Сутуацијата набрзо ескалирала и во тепачката се вклучиле буквално сите членови на двата тима.

 

 

 

Се вчитува...