Младинците подобри од кадетите

Младинската репрезентација на Македонија до 20 години одигра контролен натпревар против кадетската репрезентација (до 18 години), во кој младинците славеа со резултат 34:27.

Натпреварот беше одлична можност за проверка на формата, воигрување на составите и стекнување дополнително натпреварувачко искуство за двете селекции.

Следниот контролен натпревар меѓу младинската и кадетската репрезентација на Македонија ќе се одигра на 6 ноември 2026 година (петок), со почеток во 12:00 часот.

Се вчитува...