Голден Стејт престана да му дава плата на Порзингис

Голден Стејт Вориорс ја прекина исплатата на платата на Кристапс Порзингис, додека во исто време ја разгледуваат можноста за негова размена.

Според новинарот Шамс Чаранија, „воините“ утврдиле дека летонскиот кошаркар моментално не ги исполнува своите договорни обврски и поради тоа прекинаа да му ја исплаќаат платата предвидена во неговиот договор вреден 20 милиони долари.

Сепак, неговиот договор и понатаму може да биде вклучен во евентуална размена.

Порзингис го пропушти почетокот на сезоната поради здравствени проблеми, а Чаранија претходно објави дека тој повторно се соочува со симптоми поврзани со синдром на постурална ортостатска тахикардија.

Како резултат на тоа, според истиот извор, тој сериозно размислува за својата иднина во кошарката.

Неговиот договор, кој наскоро истекува, би можел да биде привлечен за тимови кои бараат поголема финансиска флексибилност, односно можат да го исплатат веднаш и сумата да не влезе во предвидениот селари кап за следната сезона.

Се вчитува...