Изралескиот кошаркарски тим Макаби Тел Авив, повеќе нема да ги игра домашните натпревари во Евролигата во Белград, туку се сели во Лимасол, Кипар.
Макаби во изминатите три сезони поради состојбата на Блискиот Исток, домашните натпревари во елитното кошаркарско натпреварување ги играше во салата „Александар Николиќ“ во Белград.
Првиот натпревар во Лимасол како домаќин, Макаби ќе го игра на 12-ти ноември против Хапоел Тел Авив.
Како главна причина за промена на домаќинството, е тоа што навивачите на Макаби многу полесно можат да допатуваат на Кипар за да го бодрат својот тим.
🙏 https://t.co/rszfv32Qwu
— Maccabi Tel Aviv BC (@MaccabiTLVBC) November 4, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
