Никогаш повеќе нема да го видиме Михаел Шумахер?!

Германскиот новинар Флоријан Кениг и порача на светската јавност да престане со шпекулациите околу здравствената состојба на Михаел Шумахер и да ја почитува одлуката на семејството да не дава никакви детали.

Здравствената состојба на седумкратниот Формула 1 шампион и повеќе од десет години од несреќата останува една на најголемите мистерии во светот на спортот.

Додека фановите не престануваат во шпекулациите за состојбата на Шумахер, неговиот пријател и познат ТВ новинар, Флоријан Кениг, смета дека јавноста треба да ја прифати одлуката на неговото семејство да не дава никакви информации за состојбата.

„За сè одлучуваат само најблиските членови на семејството, односно сопругата Корина, ќерката Џина и синот Мик. Дури и кога нешто би дознал, од почит кон Михаел и неговото семејство, ќе го задржам тоа за себе. Затоа и на членовите на семејството ништо не ги ни прашувам за состојбата на Михаел“, вели Кениг.

Тој за „Билд“ открива дека веднаш по несреќата, Корина Шумахер им открила на најблиските пријатели на Михаел дека сака здравствената состојба да остане приватна работа и да не се дели во јавноста.

„Сите членови на семејството веднаш по несреќата јасно ставија до знаење дека не сакаат да делат детали за состојбата на Михаел со јавноста. Јас ја оваа желба која лично ми ја пренесе Корина. Поради тоа иако сум во редовен контакт со Мик, но и со братот на Михаел, Ралф, никогаш не зборувам за тоа“, додава Кениг.

Единствен пак кога Корина Шумахер зборуваше за состојбата на Михаел, беше во документарецот на Нетфликс кој беше објавен пред пет години.

„Михаел е тука. Можеби е поинаков, но и понатаму е со нас. Тоа ни дава сила“, тогаш кажа Корина.

Михаел Шумахер во декември 2013 година, доживеа тешка повреда на главата за време на скијање на француските Алпи.

Се вчитува...