НБА ја избриша казната на Лука Дончиќ!

НБА објави дека техничката грешка против Лука Дончиќ против Мајами е поништена.

Дончиќ доби техничка грешка на крајот од втората четвртина во победата над Хит (138-117). Оваа одлука го намали бројот на технички грешки на Дончиќ од два на една оваа сезона.

Играчот добива автоматска суспензија од еден натпревар и казна од 5.000 долари ако му бидат изречени 16 технички грешки во регуларната сезона. А, тоа на Дончиќ му се случи четири пати во текот на осум сезони во НБА. Вклучувајќи ја и минатата сезона, кога мораше да го пропушти натпреварот против Вашингтон на 30 март поради суспензија.

Се вчитува...