Фудбалерот на Андора, Лаутаро Спац, напиша писмо во кое ја објаснува трагичната несреќа на натпреварот со Тенерифе.
Тој го ослободи од вина својот соиграч, голманот Хесус Овон, поради чиј старт, Хесус де Мигел почина во болница еден ден подоцна.
„Постојат моменти кога фудбалот ја губи својата смисла. Моменти што ве обележуваат засекогаш и ве тераат да сфатите колку животот може да биде кревок. Она низ што поминавме е нешто што никој од нас никогаш нема да го заборави. Трагедија што нè остави целосно скршени, без зборови и со тага што е тешко да се објасни“, започна Лаутаро.
„Прво на сите, сакам да изразам најдлабоко сочувство и сета моја љубов до семејството, пријателите и најблиските на Хесус, како и до целата заедница на Тенерифе и целото фудбалско семејство. Од вчера, целиот тим на Андора е шокиран, скршен и длабоко погоден од она што се случи. Тоа е трагедија што никогаш не замислувавме дека ќе ја доживееме на теренот.“
Испрати порака до својот соиграч, голманот Овон.
„Исто така, сакам да му кажам неколку зборови на мојот соиграч, голман и пријател, кој е длабоко погоден од она што се случи. Оние од нас кои го познаваат знаат каква личност е. Знаеме колку моментално страда и дека никогаш немал намера да повреди некого. Непредвидени настани се случуваат во фудбалот, но никој не може да замисли дека еден од нив би можел да заврши со толку трагични последици. Денес, фудбалот не е важен. Сè што останува е да изразиме сочувство, да покажеме најголема почит и да ја испратиме целата наша сила до семејството и сите кои страдаат од ужасната загуба. Почивај во мир, Деми“, напиша Спац.
🔵⚪️ | Golpe fortísimo de Owono sobre Jesús de Miguel que hace que salten todas las alarmas. 🇪🇸👀
🙏🏼 Pronta recuperación a Jesús y que todo quede en un susto
🏟️ Tenerife – Andorra https://t.co/NXopIJ7p9H
— Laliga News (@laligaa_neews) November 2, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
