Нојер стана Германец со најмногу настапи во ЛШ

Мануел Нојер ги надмина проблемите со повредата и застана на голот на Баерн на гостувањето против Атлетико, давајќи свој придонес во триумфот од 0-2 на „Ванда Метрополитано“.

Она што е уште позначајно, Нојер на овој меч стана германски фудбалер со најмногу настапи во Лигата на Шампионите. Синоќешниот дуел беше меч број 164 за фантастичниот голман во  елитното натпреварување, со што тој зад себе го остави долгогодишниот соиграч Томас Милер.

Ист број натпревари како Милер имаше и легендарниот Лео Меси, но бидејќи двајцата настапуваат во МЛС и веќе не се дел од Лигата на Шампионите, па Нојер сега е осамен на третото место на вечната листа, зад Роналдо со 183 и Касиљас со 177 настапи во ЛШ.

„Секако дека овој податок е многу специјален за мене. Морав да почекам нешто повеќе поради проблемите со повредите, кога на последниот меч се израмнив со Меси и со Милер едвај чекав да дојде овој натпревар“, искрен беше Нојер по синоќешниот триумф во Мадрид.

Се вчитува...