Мауро Икарди се уште е без клуб откако го раскина договорот со Галатасарај, по што се појавија информации дека Аргентинецот би можел да се врати назад во Интер, клуб чии бои со голем успех ги бранеше од 2013 до 2019 година.
„Нероаѕурите“ имаат проблеми во ситуација кога е повреден капитенот Лаутаро Мартинез, но претседателот Џузепе Марота јасно стави до знаење дека Икарди воопшто не е дел од плановите на италијанскиот првак, иако би можел веднаш да потпише како слободен играч.
„Икарди директно се нема понудено, не знам дали се случило некои посредници, но никој ми се нема јавено за него. Во секој случај, мило ми е што се уште има така високо мислење за нашиот клуб и сака повторно да игра за Интер. Да бидам искрен, ние не сме заинтересирани, не поради Икарди туку воопшто не планираме да носиме нов голгетер во тиммот. Немаме проблем со ефикасноста, по Рома сме втор најдобар напад во Италија, така што воопшто не размислуваме во тој правец. Имавме малер во ист момент да ни се повредени тројца офанзивни играчи, но сега и тоа го оставивме зад нас“, истакна Марота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
