Мареска јасно и гласно: Не смееме да зависиме само од Халанд

Манчестер Сити супериорно ја стартуваше сезоната, но последните две средби во Премиер-лигата донесоа два порази, од Астон Вила и од Брајтон по што Енцо Мареска се соочи со првите главоболки откако пристигна на „Етихад“ на местото на Пеп Гвардиола.

„Го кажав тоа и кога тргнавме победнички, ќе го повторам и сега кога резултатите не се најдобри – сезоната не е спринт, туку маратон. Ќе играме над 60 меча севкупно во сите натпревари, целта е да се победи на што повеќе од нив, но и во што подобра форма да се дочека клучниот дел од сезоната. За мене е многу важно да играме онака како што посакувам и да победуваме на тој начин, да создадеме препознатлив стил“, истакна Мареска.

Тој призна дека се соочува со незгоден проблем – во нападот буквално се зависи од Ерлинг Халанд, нешто што воопшто не му се допаѓа на стратегот на Сити.

„Важно е да создаваме шанси и секако дека е подобро кога рлинг е на теренот бидејќи знаете дека имате поголема веројатност да постигнете гол. Но, од друга страна, не може да зависиме само од Ерлинг Халанд на секој нов и нов натпревар. За да бидеме успешни мора и останатите фудбалери да почнат да даваат голови. Претходниот дуел со Брајтон бееше единствениот на кој не успеавме да дадеме гол, проблемот не е преголем, но мораме да бидеме поразноврсни, остатокот од тимот мора да му биде од помош на Халанд“, дециден е италијанскиот стручњак на клупата на Манчестер Сити.

Се вчитува...